Дортмунд и Флуминенсе патуваат во нокаут-фазата!

 

Објавено:

Борусија Дортмунд и бразилскиот Флуминенсе официјално го заверија својот билет за нокаут-фазата на Светското клупско првенство, кои беа и фаворити во својата група.

“Милионерите” од Дортмунд одиграа зрел турнир, со дисциплиниран пристап и клучни победи кои им гарантираа место меѓу најдобрите, а денес го совладаа и тимот на Улсан со 1:0 за освојување на првото место во групата Ф. За единствениот гол на натпреварот стрелаше Даниел Двенсон во 36-та минута.

И на другиот натпревар од групата не гледавме голови, па натпреварот меѓу Флуминенсе и Мамелоди Сандаунс заврши со нерешен резултат од 0:0. Со бодот од овој натпревар Бразилците завршија на второто место на табелата и обезбедија понатамошен пласман.

Двата клуба сега ги очекува нокаут-фудбал каде што нема поправен испит, а секоја грешка ќе значи испаѓање од Светското клупско првенство.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено