Иднината на тимот на Дукати Леново виси на конец! Една година откако беше формирано „двојното чудовиште“ со Франческо Бањаја и Марк Маркез, резултатите во сезоната 2025 не само што разочараа, туку предизвикаа вистинска криза. Разликата во перформансите меѓу двајцата возачи е евидентна и ја тресе основата на италијанскиот гигант.
Маркез со НЕВЕРОЈАТНИ 25 ПОБЕДИ до седмата титула!
Додека целата МотоГП гледаше со неверување, Марк Маркез испиша историја. Со блескави 25 победи, вклучувајќи ги главните трки и спринтовите, Маркез го осигура својот седми светски трофеј пет трки пред крајот! Неговата доминација е апсолутна и незапирлива.

Од друга страна, Франческо „Пеко“ Бањаја доживеа вистински пад. Италијанецот не можеше да го следи темпото на Шпанецот, а понижувачки беа пласманите на дното на табелата на ГП на Индонезија и Австралија.
Психолошка војна: „Пеко никогаш не го достигна нивото на Марк!“
Оваа драматична ситуација веднаш ги активираше гласините: Дали Бањаја заминува од Дукати?
Според многумина, довербата на Италијанецот е скршена од суровата доминација на Маркез. Шпанскиот МотоГП аналитичар, Рикард Жове, јасно ја истакна суштината на проблемот: „Видовме дека Марк беше претпазлив во Мотеги, само да ја земе титулата, а во Малезија се тркаше и покрај сите проблеми. Пеко Бањаја едноставно никогаш не го достигнал нивото на Марк, ниту во брзина, ниту во константност“, експлозивно изјави Жове за подкастот „Дуралавита“.
Жове верува дека интензивниот притисок од страна на Маркез го уништил Бањаја психички. Тој го критикуваше и тимот на Дукати за недостиг на транспарентност. „Сигурен сум дека техничарите знаеја што се случува, но беа тивки поради имиџот на тимот и договорите“, додаде тој.

Жове го обвинува и Дукати: „Пребавна реакција!“
Меѓутоа, Жове не го поштеди ниту тимот од Болоња. Тој смета дека Дукати премногу бавно реагирал на барањата на Бањаја за прилагодување на моторот. „Сега неговите перформанси почнуваат да се подобруваат, но доцна е! Тој требаше да се бори за подиуми од првата трка“, нагласи аналитичарот.

Сценарио за шок: Маркез е првиот што ќе си замине?
И додека целиот свет го сели Бањаја, Жове нуди апсолутно шокантен пресврт!
Тој ја отвора можноста Маркез да биде тој што ќе го напушти тимот! Ова може да се случи поради хронична повреда или пак желба на Шпанецот да се пензионира на крајот на 2026 година.

„Ако Марк реши да се повлече, мислам дека Алекс Маркез или младиот Фермин Алдегер ќе бидат сериозни кандидати за негово место“, заклучи Жове.
Со оглед на тоа што договорите на двајцата возачи се валидни до крајот на 2026 година, одлуката на Дукати ќе биде најжешката тема во претстојната МотоГП сезона. Дали ќе се спаси „Пеко“ или „Атомската мравка“ ќе се пензионира?
Гостинска статија на Марија Петровска



