Замислете ја сцената: вие и точно 100 други ентузијасти се тркате со велосипеди по една луда планинска патека. Звучи забавно, нели? Е па, има еден мал проблем. Неколку секунди зад вас е Томаш Славик, фаца што има освоено повеќе светски првенства отколку што повеќето од нас имаат сменето гуми. И тој планира да ве престигне.
Добредојдовте на “Red Bull Foxhunt”, веројатно најнефер трката во светот, што ја прави и една од најзабавните.
Правилата се едноставни. Стотте аматери, познати како “глутницата”, добиваат мала предност. Потоа, ја пуштаат “лисицата” – во овој случај Славик – од ланец. Целта на аматерите е едноставна: преживеј. Целта на Славик е уште поедноставна: престигни ги сите и веројатно добро насмеј се додека го правиш тоа.
Резултатот е чист хаос, паника и една од најсмешните бркотници што ќе ги видите. Дали успеа да ги “улови” сите? Погледнете го видеото.
[Red Bull Foxhunt] Tomas Slavik vs 100 Amateurs
byu/redbullgivesyouwings insports



