Евролига преглед: Трилер со три продолженија во Барселона и историска ноќ во Каунас!

Објавено:

Петочната вечер во Евролигата ни приреди вистински кошаркарски маратон. Додека во Каталонија се играше „бескраен“ натпревар, дебитантот од Блискиот Исток покажа заби во Истанбул, а литванскиот гигант испиша нови страници во својата историја.

Барселона и Басконија играа до исцрпување во епскиот трипл-продолжение!

Натпреварот на вечерта се одигра во „Блауграна“. Барселона и Басконија приредија спектакл каков што ретко се гледа, каде беа потребни дури три продолженија за да се одлучи победникот. Во дуел на двајца врвни стрелци, Кевин Пантер и Тимоте Луваву-Кабаро, видовме сè. Oд неверојатни тројки во последна секунда до целосна физичка исцрпеност. Барса успеа да ја продолжи победничката серија, но Басконија покажа зошто е еден од најнезгодните тимови во лигата.

Дубаи го покори Истанбул: Меккинли Рајт како магионичар!

Дебитантот во Евролигата, тимот на Дубаи, оствари огромна победа на гости кај Анадолу Ефес (76-80). Иако губеа со 10 поени во третиот период и немаа постигнато ниту една тројка дотогаш, Давис Бертанс ја „запали“ мрежичката во последната четвртина. Сепак, човек на одлука беше Меккинли Рајт, кој постигна 10 од своите 17 поени во финишот и подели неверојатни 15 асистенции – рекорд за оваа сезона во Евролигата. Нашата ѕвезда Филип Петрушев додаде 14 поени во овој голем триумф.

Доминација на домаќините: Монако и Олимпијакос без милост

Монако конечно ја прекина црната серија и го „растури“ Баерн Минхен со 103-77. Со седум играчи со двоцифрен учинок, предводени од Ели Окобо и Никола Миротиќ, тимот од Кнежевството покажа дека сè уште е во самиот врв. Сличен беше исходот и во Пиреја, каде Олимпијакос лесно се справи со Асвел (107-84). Тајлер Дорси и Еван Фурние комбинираа 43 поени, потврдувајќи ја силната форма на грчкиот гигант на домашен терен.

Историја за Жалгирис и драма за Звезда

Жалгирис во Каунас му одржа лекција на Партизан, победувајќи со рекордни 109-68 – ова е најубедливата победа во историјата на литванскиот клуб во Европа. 👉 Прочитајте го целосниот извештај од дебаклот на Партизан тука.

Од друга страна, Црвена Звезда ги израдува своите навивачи со инфаркт победа против Виртус Болоња од 90-89. Во натпревар со дури 19 промени на водството, Коди Милер-Мекентајр беше вистински лидер, а Џаред Батлер го постигна кошот за победа во последната секунда. 👉 Прочитајте го целосниот извештај од драмата во „Белград Арена“ тука.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено