ФФМ ги отвори вратите за Македонија – Летонија! Бесплатен влез за сите!

Објавено:

Македонската фудбалска репрезентација во четврток (13 ноември) ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година, а Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да го претвори овој дуел во вистински празник на фудбалот – влезот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде слободен за сите навивачи!

Нашите „црвено-жолти“ ќе излезат на терен во 18:00 часот за контролен натпревар против Летонија, во кој селекторот Благоја Милевски ќе има можност да ги провери силите на репрезентацијата пред завршницата на годината и клучниот квалификациски меч против Велс во Кардиф.

„Ова е нашиот начин да им се заблагодариме на сите навивачи за безрезервната поддршка низ целата година“, соопштија од ФФМ, нагласувајќи дека сите кои веќе купиле билет за овој натпревар ќе добијат бесплатна влезница за следниот домашен меч на репрезентацијата, без разлика дали ќе биде бараж за Светското првенство или дуел од друг карактер.

Извор: https://www.ffm.mk

ФФМ ги повикува сите љубители на фудбалот да дојдат на арената и да создадат уште една незаборавна атмосфера:

„Да ја испратиме годината со песна, боја и поддршка за момците кои секогаш го носат грбот со гордост!“

Македонија – Летонија, четврток, 13 ноември, 18:00 часот. Национална сцена, бесплатен влез, и уште една прилика да покажеме колку значи црвено-жолтата боја.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено