ФК Вардар плати четвртина милион евра казна кон УЕФА

 

Објавено:

Фудбалскиот клуб Вардар АД денеска објави дека ја подмирил паричната казна кон УЕФА во вредност од 250.000 евра. Станува збор за висока санкција која, според соопштението, се однесува на серија неправилности, манипулации, фалсификати и незаконити дејствија направени од страна на претходните сопственици, акционерите и одборот на директори во периодот пред летото 2024 година.

Двојни договори и сомнителни трансакции

Раководството ги прецизираше причините за казната, потенцирајќи дека во текот на натпреварувачките сезони 2021/22, 2022/23 и 2023/24 биле склучувани незаконски двојни договори. Како конкретен пример за ваквите дејствија беа посочени договорите со фудбалерите Блажевски и Глишиќ.

Дополнително, во образложението на казната од Европската фудбалска куќа било наведено дека биле исплаќани пари од други сметки, недостасува клучна сметководствена документација, како и дузина други сериозни неправилности.

„Комити“ започнуваат бојкот: Се бара целосна оставка

Ова официјално соопштение за расчистување на долговите кон УЕФА доаѓа во исклучително турбулентен период за најтрофејниот македонски фудбалски колектив. Имено, најверната навивачка група „Комити“ во понеделникот присуствуваше на натпреварот кој самите го означија како нивен последен пред почетокот на целосен бојкот.

Нивниот став е дециден – бојкотот ќе трае сè додека актуелното раководство не си поднесе оставка. И покрај расчистувањето на овој долг, јазот меѓу навивачите и управата останува длабок, а притисокот очигледно го достигнува својот максимум.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено