Победата на Реал Мадрид над Атлетико (2-1) во полуфиналето на Суперкупот не помина без добро познатите тензии кои ги носи мадридското дерби. Во главна улога овојпат не беа само играчите, туку и тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, кој влезе во директен конфликт со првата ѕвезда на „кралевите“, Винициус Јуниор.
Инцидентот кој ги преплави социјалните мрежи се случи во текот на второто полувреме, кога камерите го уловија Чоло како се обидува да го исфрли од ритам Бразилецот со провокативни дофрлања.
🚨 Simeone: “Vini Jr? I have nothing to say. Ever since my playing career, I’ve said that what happens on the pitch stays on the pitch”.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 8, 2026
“I have a lot of respect for Carvajal, for all Real Madrid players. I clearly told him what it looks like from the outside”.
🎥 @OLYAN15K pic.twitter.com/d3SCEqtfhH
Шокантна прогноза: „Запамети ми ги зборовите!“
Според читачите од усни и шпанските медиуми, Симеоне му дофрлал на Винициус: „Вини, Вини, внимавај… Флорентино ќе те избрка од Реал, запамети ми ги зборовиве!“. Оваа неочекувана провокација на Симеоне алудираше на наводната строга дисциплина на претседателот Перез, но Винициус овојпат остана прилично ладнокрвен.
Тензиите го достигнаа врвот во 81-та минута кога Чаби Алонсо го повлече Винициус од игра. Крај аут-линијата настана вистинска мешаница и турканица меѓу двајцата, што го натера судијата да ги „почести“ и двајцата со жолт картон.
Симеоне по мечот: „Што се случува на терен, таму и останува“
По завршувањето на натпреварот, стратегот на Атлетико се обиде да ја спушти топката, но остана мистериозен за содржината на разговорот.
„Винициус? Немам што да кажам. Уште од моите играчки денови велам дека тоа што се случува на теренот, таму и останува. Имам голем респект за сите играчи на Реал, за Карвахал и останатите. Само јасно му кажав како некои работи изгледаат од страна“, изјави кратко Симеоне.
Винициус по мечот само се насмевна на провокациите, славејќи го пласманот во финалето каде во недела го чека Барселона. Изгледа дека „психолошките игри“ на Чоло овојпат не вродија со плод против Бразилецот кој е во животна форма.



