Фудбалерите на Арсенал го „лансираа“ Артета во воздух

 

Објавено:

Конечно се случи! По 22 години чекање, фрустрации, шеги на нивна сметка и илјадници критики, ФК Арсенал е новиот шампион во англиската Премиер лига за сезоната 2025/26. „Топчиите“ го подигнаа престижниот трофеј, а сцените од прославата веќе станаа вирален хит кој предизвика лавина емоции низ целиот фудбалски свет.

“Овој клуб ги крена стандардите на едно ново ниво. Начинот на кој навивачите не поддржуваа, дури и кога губевме, тоа го направи овој момент уникатен.” изјави видливо емотивниот менаџер Микел Артета пред да биде буквално лансиран во воздух од своите фудбалери.

Mikel Arteta thrown in the air by the Arsenal players during celebrations
by u/hikingbeginner in soccer

Од дното на просечноста до европски џин

Патот на Арсенал до титулата не беше лесен. Пред само неколку години, клубот беше предмет на потсмев („Trust the process“ беше омилената шега на ривалите), а Артета често беше на мета на отказ. Но, управата застана зад него. Со темелен ремонт на екипата, паметни трансфери (како Деклан Рајс и Мартин Одегард) и безрезервна поддршка, Шпанецот изгради тим кој годинава ја прекина доминацијата на Манчестер Сити иако да не заборавиме дека и Ливерпул го стори лани истото.

Уште поимпресивно, „Топчиите“ не застануваат тука, тие се пласираа и во финалето на Лигата на шампионите каде ќе се соочат со ПСЖ. Доколку ја освојат и европската круна, дефинитивно ќе ги замолкнат сите критичари и мем-страници засекогаш.

Реакции кои кршат срца и рушат интернет мрежи

По објавувањето на видеата од прославата. Навивачите ширум светот, дури и оние неутралните, изразија почит кон успехот на лондонскиот клуб.

Scenes as FC Arsenal lift Premier League trophy
by u/977x in soccer


“Јас немам никаква поврзаност со овој клуб, ни географска, ни финансиска, но да ги гледаш како го креваат трофејот е како да гледаш член на семејството како постигнува нешто неверојатно.” Се разбира, не изостана ни хуморот, на видеото каде Габриел го фрла Артета во воздух е вистински хит. “Изгледа Артета ја вежба новата тактика за корнери,” се пошегува еден фан, додека друг додаде: “Дали правилата дозволуваат Габриел да се користи како катапулт?”

Оваа титула е повеќе од трофеј за Арсенал, таа е доказ дека со визија, трпение и стабилност, дури и најголемите падови можат да се претворат во историски триумфи. Следува големото финале во ЛШ!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено