10.8 C
Skopje

Фудбалерите на Реал оддадоа почит на Жота, Трент со емотивна порака за бившиот соиграч

Објавено:

Играчите и членовите на стручниот штаб на Реал Мадрид синоќа го посетија меморијалниот дел посветен на прерано починатиот фудбалер Диого Жота на Енфилд.

Чаби, Алонсо и Трент беа дел од делегацијата, а најемотивен беше Трент Александер-Арнолд, кој играше со Португалецот токму како член на “црвените”.

Тој остави порака за бившиот соиграч и другар: „Мојот другар Диого. Толку многу недостасуваш, но во исто време си толку многу сакан. Сеќавањето на тебе и Андре засекогаш ќе живее. Се насмевнувам секој пат кога мислам на тебе и секогаш ќе се сеќавам на добрите времиња кои ги поминавме заедно. Ќе ми фалиш, секој ден“.

Трент покрај букетот и пораката, остави и црвен џоестик, како потсетник за големата љубов на Жота кон гејминг заедницата, од која тој беше страстен член.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено