10.8 C
Skopje

Гарначо облече дрес на ривалите, фановите бесни

Објавено:

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Аргентинецот Алехандро Гарначо, реши на провокативен начин да каже што мисли за изјавите на тренерот Рубен Аморим кој му порача на играчот да си најде нов клуб летово.

А, како повеќе да ги изнервираш навивачите верни на Олд Трафорд, од облекување на дрес од ривалите Астон Вила.

Имено, Гарначо објави фотографија од својот одмор на Ибица, каде што е сликан помеѓу два луксузни автомобили, а на себе го носи бордо-синиот дрес со 9-ката на Рашфорд.

Ова е уште една поткрепа на гласините дека Аргентинецот има желба да се приклучи во редовите на ривалите ова лето, а дресот испраќа изгледа поголема порака од само “поддршка” за соиграчот од “црвените ѓаволи” кој ја помина втората половина од ланската сезона како позајмен играч во Вила Парк.

Фановите не веруваат во наивноста на објавата, па поголемиот дел прокоментираа: “Гарначо знае точно што прави со ова”. Без разлика каков ќе биде епилогот за неговата кариера, дали ќе си оди ли ќе остане во Јунајтед, едно е сигурно – фановите се бесни.

Извор: https://x.com/sudanalytics_

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено