Гасли секоја година му оддава почит на својот другар Ибер во Спа

Објавено:

Францускиот возач Пјер Гасли, кој оваа година го вози болидот на Алпин, секога година му оддава почит на својот прерано загинат пријател Антоан Ибер во Спа.

Ибер почина после судирот во Формула 2 трката на белгиската патека, а неговиот сонародник и другар, направи организација на трка во негова чест. “Да трчаме за Антоан” е меморијален настан кој започна во 2021 година, а ја обединува заедницата на Ф1 во свиокот “Eau Rouge”, каде се случи големата несреќа.

Во 2023 година, на оваа патека животот го загуби и младиот холандски возач Дилано ван’т Хоф за време на регионалното европско првенство во Формула, а оттогаш меморијалниот настан го вклучува и неговото име.

И оваа година возачите, членовите на тимовите и Ф1 заедницата трчаа за Антоан и Дилано на славната патека, а Пјер Гасли повторно положи цвеќе во свиокот, како што тоа го прави од 2020 година навака.

“Засекогаш во моето срце Тонио. Емотивно е да бидеме тука сите заедно како едно големо мотоспорт семејство, сеќавајќи се на вас двајца, Антоан и Дилано”, напиша Гасли на социјалните мрежи.

Извор: https://x.com/autosport

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено