Гасли со нов договор за Алпин до 2028 година

 

Објавено:

Возачот на Формула 1 тимот на Алпин, Пјер Гасли, потпиша нов договор со тимот, со што го потврди своето место до 2028 година.

Французинот се приклучи на тимот во 2023 година, а оттогаш има освоено два подиума. Тој беше клучен во освојувањето на шесттото место за тимот во шампионатот минатата сезона.

Иако неговиот претходен договор не истекуваше на крајот на оваа година, сепак двете страни се согласиле дека се подготвени на долгорочна соработка, при што викендов во Монца го објавија продолжувањето на договорот во наредните три години.

Извор: https://x.com/AlpineF1Team

Тимот на Алпин, кој сега го води контраверзниот Флавио Бријаторе, ќе влезат во 2026 година со веќе познатиот возач, од кој се очекува да го води тимот во неизвесноста која ќе ја донесат новите правила од идната сезона.

“Оваа најава доаѓа на посебно место, после мојата победа тука пред пет години. Ќе поминеме низ неизвесна сезона, но јас целосно верувам во тимот. Мојата идеја од почетокот беше да победувам со француски тим, и иако не го правам тоа во последните три години, верувам дека наредните три ќе бидат подобри”, изјави Гасли.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено