Германките ја победија Франција во драматична пенал завршница

Објавено:

Женската фудбалска репрезентација на Германија вчера успеа да ја совлада Франција за рекордно 11 полуфинале на Германките.

Германија, која влезе во завршницата со 10 фудбалерки на теренот, сепак благодарение на извонредната голманка Ен Кетрин Бергер успеа да победи со 6:5 во драматичната пенал завршница.

Со тоа тие се приклучија на Англија, Италија и Шпанија во полуфиналињата на Европското првенство.

Натпреварот синоќа ни ја даде и една од најдобрите одбрани воопшто во фудбалот, а несомнено најдобрата во женскиот фудбал, кога Бергер успеа да со скок да ја запре топката на Французинките од влез во нејзината мрежа.

Германките во полуфиналето ќе се сретнат со Шпанија, додека другото полуфинале го комплетираат Англија и Италија.

Извор: https://x.com/brfootball

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено