Гидсел е „кралот“ на Европа, познат идеалниот тим на ЕХФ ЕУРО 2026!

Објавено:

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги откри имињата на „бесмртните“ кои го одбележаа овогодинешниот шампионат. Данскиот магионичар Матијас Гидсел испиша историја, додека Португалија и Германија доминираат во индивидуалните признанија.

Гидсел со историски МВП статус!

Она што сите го очекуваа, доби официјална потврда. Матијас Гидсел е прогласен за Најкорисен играч на ЕХФ ЕУРО 2026. Со ова, тој стана првиот Данец во историјата со оваа престижна титула на европските првенства. Неговата леснотија во постигнувањето голови и креацијата во нападот го потврдија неговиот статус на веројатно најдобриот светски ракометар во моментов.

Германски „бедем“ и хрватско знаме на десната страна

Германија е единствената нација со двајца претставници во идеалната седторка. Андреас Волф повторно е прогласен за најдобар голман, што е негово трето вакво признание (по 2016 и 2024 година), додека капитенот на „панцерите“, Јоханес Гола, е најдобар пикер.

„Волкот“ се врати на тронот На голманската позиција, по третпат во својата кариера , се најде германскиот „ѕид“ Андреас Волф. Неговите клучни одбрани беа главниот мотор на Германија во походот кон завршницата. Покрај него, во идеалната седторка место најде и , Јоханес Гола, како најдобар пикер.

На десната крилна позиција, со право се најде Хрватот Марио Шоштариќ, кој одигра турнир за паметење со неверојатна реализација.

ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА ПРВЕНСТВОТО:

  • Голман: Андреас Волф (Германија)
  • Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)
  • Лев бек: Симон Питлик (Данска)
  • Среден бек: Гисли Кристијансон (Исланд)
  • Десен бек: Франциско Коста (Португалија)
  • Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
  • Пивот: Јоханес Гола (Германија)

„Бум“ на Португалците: Најдобриот младинец и дефанзивец доаѓаат од Лисабон!

Најголемото изненадување, но сосема заслужено, е доминацијата на Португалија во специјалните категории.

  1. Франциско „Кико“ Коста е прогласен за Најдобар млад играч, потврдувајќи дека е предводник на новата ракометна генерација.
  2. Салвадор Салвадор ја доби наградата за Најдобар дефанзивец, откако ги „заклучи“ противничките бекови во текот на целиот турнир.

Интересен факт: Речиси 12.000 фанови гласаа преку официјалната апликација на ЕХФ, а нивните гласови (40%) во комбинација со оние на експертите (60%) го дадоа конечниот лик на овој Ол-стар тим.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено