Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) ги започнува настапите на традиционалниот „Жолт куп“ во Винтертур, Швајцарија. Прв ривал на избраниците на Кирил Лазаров е селекцијата на Бахреин.
Ова е прва од трите предвидени контроли пред патувањето за Данска на Европското првенство. Добрата вест за навивачите е што натпреварот има обезбеден директен пренос преку официјалната платформа на организаторот.
Натпреварот може да го гледате на следниот линк: ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО ТУКА
Утре (петок) Македонија игра против Украина, а турнирот го затвораме в сабота против домаќинот Швајцарија.



