Гоце Седлоски го претстави новиот стручен штаб на Македонија!

Објавено:

Гоце Седлоски го комплетираше мозаикот. Новиот кормилар на македонската А-селекција денеска ги соопшти имињата на своите најблиски соработници, избирајќи спој на искуство, познати имиња на фудбалската јавност и докажани професионалци.

Легендите се враќаат во репрезентацијата

Најзвучното име во новиот штаб е дефинитивно Зоран Бошковски – Чоко. Човекот кој го постигна првиот гол во историјата на нашата репрезентација сега ќе ги пренесува своите голгетерски вештини на напаѓачите. Покрај него, во тимот се враќа и поранешниот дефанзивец Ванче Шиков, кој со своите 58 настапи во „црвено-жолтиот“ дрес ќе биде задолжен за цврстината во одбраната.

Стручност и континуитет

Како десна рака на Седлоски ќе работат:

  • Борче Христов – актуелен шеф на стручниот штаб на Тиквеш и прв човек на Центарот за едукација на ФФМ.
  • Ерхан Селими – кој доаѓа од позицијата селектор на младинската репрезентација (У19), што гарантира подобра транзиција на младите таленти во сениорскиот тим.

За голманите ќе се грижи Гого Јовчев, додека видео-анализата ќе биде во рацете на Мартин Христов. Седлоски најави дека дополнително ќе биде промовиран и нов кондициски тренер.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено