Српскиот тениски ас објави дека нема да настапи на турнирот во Синсинати кој официјално ќе започне утре и ќе трае до 18 август.
Следниот голем турнир на кој се очекува да настапи Новак Ѓоковиќ е УС Опен, а најверојатно ова е стратешки потег за зачувување на неговата форма и фокусирање на турнирот во САД.
Најверојатно со оглед на тоа што Ноле има 38 години, тој понатака ќе се фокусира само на настапите на големите турнири, па не се очекува меѓу Вимблдон и УС Опен да настапи на друго место.

На Вимблдон тој се здоби со повреда во полуфиналниот меч против Синер, поради која го откажа и настапот на турнирот во Торонто. Ова е втора последователна година Ноле да го откаже настапот во Синсинати, но минатата година овој потег на повлекување од овие два турнири, му донесе други силни настапи на турнирите на кои играше.
Ноле веќе го најави настапот на УС Опен со целосно црна комбинација во соработка со Асикс, па очекуваме следно да го видиме таму.



