Гвардиола: „Арсенал заслужено е шампион, ние ќе се подготвиме за следната сезона!“

 

Објавено:

Драматичното реми меѓу Борнмут и Манчестер Сити (1:1) не донесе само промоција на новиот шампион Арсенал, туку и вистинска вербална енигма која ја остави англиската фудбалска јавност во тотален шок. Додека сите релевантни островски медиуми со денови бомбардираат со ексклузивни информации дека Пеп Гвардиола дефинитивно си заминува од клубот претстојното лето, каталонскиот стратег вечерва по натпреварот даде изјава со која комплетно ги збуни сите.

Спортски честитајќи му ја титулата на Микел Артета, Пеп јавно порача дека неговиот фокус е веднаш насочен кон иднината, но употреби зборови кои ниту најмалку не наликуваат на менаџер кој си ги пакува куферите за заминување од „Етихад“.

„Сакам да му честитам на Арсенал, на Микел Артета, на неговиот стручен штаб и на навивачите за титулата во Премиер лигата. Тие комплетно ја заслужија. Секако дека сакавме да ја однесеме борбата до последното коло, но денес се почувствува огромниот замор кај моите фудбалери. Борнмут имаше дури 12 дена за подготовка на овој меч, а влијанието од нашите свежи играчи од клупата едноставно не беше доволно добар. Како и да е, се боревме многу, а сега веднаш почнуваме да се подготвуваме за следната сезона“, децидно изјави Гвардиола.

Британските медиуми го „селат“, Пеп тера по свое

Ваквиот настап на Гвардиола доаѓа по вистинскиот земјотрес што се случи во увертирата на овој натпревар, кога водечките спортски редакции во Англија објавија дека претстојното последно коло во недела ќе биде неговиот последен првенствен натпревар на кормилото на Сити.

Иако шпекулациите велат дека неговата ера во Манчестер е завршена, неговото „ние почнуваме да се подготвуваме за следната сезона“ отвора огромен простор за дебата – дали се работи за класичен професионален маневар за да се смири соблекувалната до самиот крај, или пак Пеп подготвува уште еден спектакуларен пресврт и останува на клупата на „граѓаните“?

Ираола во тотален транс: Ова е најдобриот крај на мојата бајка!

Додека во таборот на Сити владее вистинска енигма, за менаџерот на Борнмут, Андони Ираола, ова беше ноќ за чиста историја. Баскискиот стратег, за разлика од Пеп, веќе одамна потврди дека си заминува во јуни, а синоќешниот бод за Борнмут значеше историски прв пласман во Европа по цели 127 години постоење.

„Неверојатна ноќ! Можеби сонувате за вакво нешто на почетокот на сезоната, но не замислувате дека ќе се случи вака – да се бориме за Лигата на шампионите до последното коло! Мислам дека комплетно го заслуживме ова. Овој меч беше совршена рефлексија на моите три години тука. Уживав во карактерот со кој игравме против тим како Сити“, изјави пресреќниот Ираола, кој покажа огромна почит кон Гвардиола:

„Пеп е врвот на фудбалот, тој освои сè. Знаевме дека Сити играше под огромен притисок и дека беа уморни, но тоа не ја намалува нивната класа. Токму затоа овој резултат е уште поогромен за нас.“

Ираола за крај откри дека сè уште ја нема дефинирано својата идна дестинација, бидејќи во моментов негова единствена цел е во недела да направи уште едно чудо и да го нападне елитното друштво.

Извор: https://www.premierleague.com

„Имаме сигурна Лига Европа, но сега сакаме да го максимизираме успехот. Можеме ли да го грабнеме тоа последно место во Лигата на шампионите? Сè уште не знам каде ќе ја продолжам кариерата, не ми се брза, сега сакам само да славиме и да завршиме на највисоко можно ниво во недела!“, заврши Баскиецот.

Во секој случај, неделното последно коло во Премиер лигата ќе донесе одговори на многу прашања. Борнмут ќе брка сон за ЛШ, а фудбалскиот свет со нетрпение ќе чека да види дали прес-конференцијата на Пеп Гвардиола по мечот ќе биде негово дефинитивно збогување или најава за нов почеток.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено