Очите на спортската јавност денес се вперени кон Интер, каде после вчерашниот пораз во елиминациската фаза, на виделина излегоа внатрешните проблеми во клубот.
Капитенот Лаутаро во изјава после натпреварот кажа дека “оние кои не сакаат да останат и да играат во клубот, се слободни да си одат”, а претседателот Марота точно кажа дека станува збор за Хакан Чалханоглу.
Сега, Хакан им врати на двајцата со една изјава: “Го почитувам секое мислење, особено она на моите соиграчи или претседателот. Но, почитта не е еднострана работа”.
“Лидерството не е покажување со прст во најтешките моменти, туку заземање за твојот тим”, додаде турскиот фудбалер.




