Ерлинг Халанд со само 24 години продолжува да реди успеси и рекорди во својата кариера. На синоќешниот натпревар, во кој влезе од клупата во второто полувреме, тој успеа да дојде до неверојатен јубилеј – 300 постигнати гола во својата кариера.
Ова е значаен податок, особено ако се земе во предвид дека Норвежанецот го постигна тоа во само 370 одиграни натпревари. Само за споредба, на Кристијано Роналдо за постигнување на таа цел му беа потребни 557 натпревари, на Меси 418 натпревари и на Мбапе 409 натпревари.
“Сè што можам е да честитам. Тој успеа да даде 300 гола на само 24 години. Многу сум среќен за Ерлинг и неговиот гол”, изјави Пеп Гвардиола после натпреварот.
Халанд ќе има уште можности да го зголеми овој импресивен број на Светското клупско првенство, бидејќи неговиот клуб заврши прв на табелата и се пласираше во осминафиналето.



