Хит од Ријад: Навивач на Интер слави промашен пенал на својот тим!

Објавено:

Суперкупот на Италија се играше во Ријад, а на трибините видовме сцени кои само таму можат да се случат. Најголемиот хит на социјалните мрежи стана еден „навивач“ на Интер, кој очигледно не го разбрал баш најдобро концептот на навивање.

Во моментот кога ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, промаши пенал, камерата го фати овој господин (облечен во шал на Интер) како… слави! Да, добро прочитавте. Човекот скокаше од радост додека неговиот тим губеше шанса за гол.

Bastoni has his penalty saved – “Inter Fan” celebrates
byu/Level390 insoccer

„Пластични“ навивачи или само добра забава?

На социјалните мрежи веднаш почнаа шегите.

  • „Ова е дефиниција за збунет турист.“
  • „Вака изгледа кога ќе ти дадат дрес, ама не ти кажале за кој тим треба да навиваш.“

Се чини дека во Ријад е важно само да се биде дел од шоуто, без разлика кој победува (или промашува). 😂


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено