Хрватскиот напаѓач Фрањо Ивановиќ се приклучи на Бенфика, португалскиот клуб кој е познат по своите рекордни 38 титули во Примиера лигата и двете последователни европски титули во 1961 и 1962 година.
21 годишниот Хрват, кој е роден во Австрија, беше донесен во Лисабон по трансфер од 13 милиони евра, а клубот верува дека неговиот технички и физички профил ќе донесе значителна предност сезонава.
Вчера португалскиот клуб го најави својот нов играч, кој за прв пат се појави во легендарниот црвено-бел дрес.
Неговиот фудбалски пат започнал уште на пет годишна возраст, кога во 2008 година се приклучил на СВГ Мајрхофен, каде играл до 2015 година од каде продолжил да напредува низ разни младински академии пред да се претстави како сериозен фудбалер во Унион СГ, клуб од белгиската Про лига, од каде доаѓа во Бенфика.
Bem-vindo, Ivanović! #Ivanović2030
— SL Benfica (@SLBenfica) July 31, 2025



