И официјално: Барса му ја одзеде капитенската лента на Тер Штеген

 

Објавено:

Денес каталонскиот гигант во соопштение за јавноста и официјално објави дека ја повлекува капитенската лента на голманот Марк-Андре тер Штеген.

Откако Германецот одби да ги потпише медицинските извештаи за Барселона да може да ослободи дел од неговата плата за регистрирање на новите засилувања, многумина коментираа дека нему треба да му биде одземена капитенската лента.

Голманот го привлече револтот на навивачите откако на социјалните мрежи сам потенцираше дека повредата ќе го спречи да биде на терените три месеци, што многумина го сметаа како директна провокација, со оглед на тоа што за ослободување на средствата треба минимално отсуство од четири месеци за долготрајни повреди.

Извор: https://x.com/FCBarcelona

“После дисциплинските мерки кои се отворени против играчот Марк-Андре тер Штеген, и додека тие работи не се официјално разрешени, клубот со взаемен договор со Спортскиот директорат и тренерите, одлучи привремено да ја повлече неговата улога како капитен на клубот”, пишува во соопштението.

Тие исто така додадоа дека таа улога ќе му припадне сега на заменик-капитенот Роналд Араухо.

Извор: https://x.com/FCBarcelona
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено