Во епска ноќ во Чиле, младите лавови на Мароко напишаа нова страница во фудбалската историја. “Атлас Кабс” ја победија Франција по пенали (5-4) по драматично реми 1-1, и за првпат ќе играат во финале на Светското првенство до 20 години! И тоа благодарение на херој кој речиси никој не го очекуваше.
Абделхаким Месбахи, резервниот голман кој влезе специјално за пенал-рулетот, стана легенда преку ноќ. Во моментите кога цело Чиле го држеше здивот, тој го одбрани шутот на Ѓилијан Н’Гесан и го однесе Мароко во финале со Аргентина!
Сè започна бурно. Во 32-та минута, по фаул во шеснаесеттникот на Франција, Јасир Забири изведе пенал кој по чуден рикошет заврши во мрежата со автогол на Олмета и водство на Мароко!
The moment that took Morocco to their first #U20WC final. ✍️ pic.twitter.com/sPSNBELXXP
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) October 15, 2025
Франција одговори преку Мишал во 59-та минута, а до крајот се гледаше вистински тактички шах, нерви од челик и две исклучувања што го одбележаа продолжението. И токму кога сите мислеа дека судбината ќе биде решена по случајност, селекторот на Мароко направи потег што ќе се памети и во последните секунди пред пеналите, го внесе Месбахи.
И тоа беше доволно за историја. Мароко стана првата афричка селекција која стигнала до финале на овој турнир по Гана во 2009 година.
Аргентина чекори кон седмата титула, Силвети повторно магионичар на сцената
Во другото полуфинале, Аргентина ја потврди својата традиција дека кога е тешко, тие знаат како да победат. Со минимални 1-0 против Колумбија, “младата Албиселесте” селекција се пласираше во своето прво финале по 2007 година.
Херојот? Матео Силвети – младиот напаѓач од Интер Мајами, со потпис од големата школа на Лионел Меси. Неговиот елегантен удар со надворешниот дел од стапалото во 72-та минута беше доволно за место во големото финале.
🇦🇷 @Argentina are looking forward to Sunday. 👏#U20WC pic.twitter.com/fhzZhMjO8s
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) October 16, 2025
Колумбија се бореше, создаде шанси, но Аргентина беше поцврста, посигурна и пофокусирана. По исклучувањето на Рентерија, сè беше јасно – финалето ќе биде класика: Аргентина – Мароко.
Една нација со шест титули и непобедлива традиција, против една која ќе го игра своето прво финале во историјата. Старите фудбалски богови против новите јунаци.
Финале:
Аргентина vs Мароко
Недела, 12 октомври – Сантјаго, Чиле