По неочекуваниот пораз на Арсенал од Борнмут, трката за шампионскиот трофеј во Премиер лигата добива димензија на вистински холивудски трилер. Она што до вчера изгледаше како сигурна предност за „Топчиите“, сега се претвори во математичка равенка која ги остава фудбалските фанови без здив.
Фудбалската јавност веќе наголемо зборува за едно специфично сценарио кое би можело да ни донесе историска завршница каде секој постигнат и примен гол до крајот на мај ќе вреди колку самата титула.
Математиката која најавува спектакл
Според пресметките кои станаа вирален хит на социјалните мрежи, титулата би можела да се одлучува на гол-разлика.
Еве како изгледа оваа луда можност:
- Доколку Манчестер Сити ги победи сите свои преостанати натпревари во Премиер лигата, тие ќе ја завршат сезоната со точно 85 бодови.
- Од друга страна, доколку Арсенал го загуби директниот дуел со Сити, но ги добие сите останати средби до крајот, тие исто така ќе соберат точно 85 бодови.
Ова значи дека шампионот на Англија би се решавал исклучиво преку вкупната гол-разлика!
Пеколен распоред за двата тима до крајот на сезоната
За да се оствари ова сценарио, двата тима ги чека исклучително тежок пат. Директниот судир меѓу Манчестер Сити и Арсенал е закажан за 19-ти април на „Етихад“, но и останатите натпревари кријат сериозни нагазни мини.
Еве кои се преостанатите противници на двата клуба во Премиер лигата:
Преостанати натпревари на Арсенал:
- 19/04: Манчестер Сити (Гостин)
- 25/04: Њукасл (Дома)
- 02/05: Фулам (Дома)
- 10/05: Вест Хем (Гостин)
- 17/05: Барнли (Дома)
- 24/05: Кристал Палас (Гостин)
Преостанати натпревари на Манчестер Сити:
- Челзи (Гостин)
- 19/04: Арсенал (Дома)
- 22/04: Барнли (Гостин)
- 04/05: Евертон (Гостин)
- 09/05: Брентфорд (Дома)
- 17/05: Борнмут (Гостин)
- 24/05: Астон Вила (Дома)
- ?: Кристал Палас (Дома)
Секој напад, секоја одбрана и секоја пропуштена шанса сега добиваат сосема нова димензија. Дали Премиер лигата ни подготвува завршница за која ќе се зборува со децении? Времето ќе покаже!



