Јавноста му верува на фудбалот: ФФМ со висока доверба и стабилен стратешки правец во 2025 година

Објавено:

Објавениот Аналитички извештај за јавна перцепција за 2025 година, изработен според највисоките европски стандарди и принципите на „UEFA Good Governance“, открива дека македонскиот фудбалски брод плови во правилна насока. На репрезентативен примерок од 1.563 испитаници, ФФМ доби високи оценки во клучните сектори.

После бурниот период и скандалите, ФФМ се пофали со бројките за работењето во изминатиот период.

Стабилно раководство и рекордни оценки за Масар Омерагиќ

Еден од највпечатливите податоци во истражувањето е перцепцијата за претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Неговата работа е оценета како добра или многу добра од страна на дури 89% од испитаниците.

  • 57% сметаат дека неговата лидерска способност е на многу високо ниво.
  • 52% веруваат дека Омерагиќ обезбедува стабилност во управувањето.
  • Негативните оценки за неговата работа се речиси незначителни и изнесуваат под 2%, што е редок индикатор за јавна поддршка во спортскиот менаџмент.
Извор: https://www.ffm.mk

Висока институционална доверба и транспарентност

ФФМ како институција ужива доверба кај 78% од граѓаните, додека само 10% изразиле ниска доверба. Оваа стабилност е поткрепена и со високите оценки за отчетност и интегритет:

  • 80% од испитаниците сметаат дека ФФМ работи одговорно.
  • 86% веруваат дека федерацијата целосно ги почитува принципите на фер-плеј.
  • 76% од јавноста смета дека натпреварите во домашното првенство се регуларни, што е резултат над регионалниот просек.

Младински систем и репрезентација

Истражувањето покажува дека јавноста ги препознава инвестициите во иднината. 76% од граѓаните сметаат дека ФФМ активно вложува во развојниот фудбал, а 50% се задоволни од напредокот на младинските категории.

Во однос на А-репрезентацијата и тогашниот селектор, ставовите се поделени (39% позитивни наспроти 42% негативни), што укажува на високите очекувања на навивачите и желбата за поголеми резултати на меѓународен план.

Оптимизам за 2026 година

Македонската фудбалска јавност со оптимизам гледа кон иднината. Дури 71% веруваат дека тековните политики водат кон напредок, а 87% би ја дале својата поддршка за работата на ФФМ и во наредните 12 месеци.


Следете нè за најновите вести од македонскиот фудбал: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено