Како до БЕСПЛАТЕН пренос од Светското клупско? Нокаут-фазата почнува денес!

 

Објавено:

По возбудливата групна фаза, време е за вистинскиот фудбал! Денес (сабота, 28 јуни) официјално започнува елиминациската рунда на Светското клупско првенство на ФИФА, која ни носи осум спектакуларни пресметки.

Акцијата стартува вечерва со двете први средби, а во наредните денови нè очекуваат дуели на фудбалските гиганти.

Распоред на осминафиналните натпревари:

  • Денес (28 јуни):
    • 18:00ч: Палмеирас – Ботафого
    • 22:00ч: Бенфика – Челси
  • 29 јуни:
    • 18:00ч: ПСЖ – Интер Мајами
    • 22:00ч: Фламенго – Баерн Минхен
  • 30 јуни:
    • 21:00ч: Интер – Флуминенсе
  • 1 јули:
    • 03:00ч: Манчестер Сити – Ал-Хилал
    • 21:00ч: Реал Мадрид – Јувентус
  • 2 јули:
    • 03:00ч: Борусија Дортмунд – Монтереј

Секој од овие дуели ветува врвен фудбал, а најдобрата вест е што сите може да ги следите бесплатно.

За да не го пропуштите спектаклот, нашата редакција подготви детален водич со сите чекори како да пристапите до преносите во живо од кој било уред.

ЦЕЛИОТ ВОДИЧ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА: Водич: Како бесплатно да го следите Светското клупско првенство на ФИФА

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено