Првата „десетка“ во англискиот фудбал беше заокружена синоќа, а иако има уште доста да се игра, веќе почнува да се чувствува текот на настаните во Премиер лигата.
Па така, дебитантите Сандерленд повеќе не може да се сметаат само за „чудо на почетокот“, бидејќи и после 10 кола тие се во самиот врв, односно на четвртата позиција, оставајќи ги зад себе гигантите како Челси и Манчестер Јунајтед. Истото може да се каже и за Борнмут кои изненадија оваа сезона, но сосема заслужено се на петтата позиција.
На првата позиција се зацврстија Арсенал, кои оваа година делуваат организирано, дисциплинирано и од натпревар во натпревар поодлучно да дојдат конечно до титулата. Тие им „бегаат“ сега за шест поени на Манчестер Сити, кои се најдоа на втората позиција.
Минатогодишните шампиони Ливерпул после серијата на порази конечно здивнаа овој викенд, па сега се на третата позиција, заостанувајќи со 7 бода зад лидерите.
Тотенхем се шести, а потоа следуваат Челси, Манчестер Јунајтед и Кристал Палас. Десетката ја заокружува Брајтон, а на дното сè уште се Вест Хем, Нотингем Форест и Вулвс.



