8.8 C
Skopje

Како Верстапен ја “стопи” разликата на Пијастри по паузата

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

По летната пауза, изгледаше дека владеењето на Макс Верстапен е пред крај. Заостануваше 104 поени зад Оскар Пијастри и Формула 1 титулата делуваше загубено. Но за помалку од два месеци, шампионот повторно влезе во игра и тоа со серија на перфектни настапи, со кои го стопи заостанувањето на само 40 поени.

По победата во Остин, Верстапен првпат отворено призна дека титулата сè уште е достижна: “Има шанса”, рече тој додека го поздравуваше публиката на кругот на славата.

Еве како Макс го врати времето наназад, трка по трка.

Холандија: Пијастри победи, но Верстапен најави враќање
Заостанување: 104 поени

На домашен терен во Зандворт, Макс заврши втор зад Пијастри. Ландо Норис откажа во финишот поради истекување на масло, па Верстапен сепак дојде до подиум и ја минимизираше штетата. Ред Бул, иако сè уште не беше на својот максимум, покажа дека после паузата нешто се менува. Во Милтон Кинс веќе се подготвуваше нов напад.

Извор: https://x.com/Max33Verstappen

Монца: Победа и први знаци на вистински препород
Заостанување: 94 поени

Ред Бул пристигна во Италија решен да не ја повтори катастрофата од лани. Тимот го подобри подот на болидот и ја засили стабилноста во нискоаеродинамични конфигурации. Верстапен постави рекордно брз круг за пол-позицијата и ја водеше трката без сериозна конкуренција. Норис и Пијастри се бореа меѓусебно, а Макс си замина од Монца со десет поени помалку заостанување и со насмевка која кажуваше доволно.

Извор: Извор: https://x.com/Max33Verstappen

Баку: Хаос за Пијастри, совршенство за Макс
Заостанување: 69 поени

Во Азербејџан, Пијастри го доживеа најлошиот викенд во сезоната. Удар во ѕидот во квалификациите, погрешен старт, па нов контакт со Окон и крај на трката. Верстапен, пак, беше беспрекорен. Пол-позиција, водство од старт до цел и доминација во стилот што го паметиме од неговите титули. Разликата падна под 70 поени, а возачот на Ред Бул мирно ја набљудуваше табелата што се менуваше во негова полза.

Извор: https://x.com/Max33Verstappen

Сингапур: Мал напредок, но голема психолошка победа
Заостанување: 63 поени

Џорџ Расел ја освои трката, но Верстапен направи уште еден чекор. Второ место, шест освоени поени повеќе од Пијастри, и нова порака дека нема предавање. Во квалификациите беше нервозен поради Норис и “валканиот воздух”, но на патеката беше ладнокрвен и зрело ја контролираше ситуацијата. Пијастри и Норис се судрија на стартот, а Макс го искористи тоа максимално. Сега веќе беше јасно: враќањето е реално.

Извор: https://x.com/Max33Verstappen

Остин: Доминација и дефинитивно враќање во трката за титула
Заостанување: 40 поени

Во САД, сè изгледаше како старите добри денови на Ред Бул. Пијастри и Норис излегоа од игра уште во спринтот, а Верстапен без проблеми ја контролираше трката од пол-позицијата. Леклер со генијален старт го задржа Норис и му овозможи на Макс мирен ритам во водството. На крајот – нова победа, нови поени, и само 40 зад Пијастри.

Од изгледна катастрофа, до трка за титулата што повторно е отворена. Во својот класичен стил, Макс Верстапен не се жалеше, не се откажа, туку го направи тоа што најдобро го знае: почна да победува. И ако темпото остане вакво, шампионатот може повторно да стане “триколорен” – портокалов, црвен и сребрен.

Извор: https://x.com/Max33Verstappen

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено