Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид официјално го потврди трансферот на данскиот репрезентативец Мортен Хјулманд. Одличниот играч за врска доаѓа од редовите на Спортинг Лисабон и потпиша петгодишен договор кој ќе го задржи на „Ријад Ер Метрополитано“ до 30 јуни 2031 година.
🏎️👀 pic.twitter.com/QhJCjlkw60
— Atlético de Madrid (@atletienglish) July 11, 2026
Лидерство и цврстина за средниот ред на „Јорганџиите“
Трансферот на 27-годишниот дефанзивен играч за врска изнесува 40 милиони евра. Мортен Хјулманд се истакнува со својата физичка сила, одличното читање на играта и способноста за освојување на топката, карактеристики кои совршено се вклопуваат во фудбалската филозофија на тренерот Диего Симеоне.
Данецот пристигнува во Мадрид по фантастичниот период во Португалија, каде како капитен на Спортинг Лисабон освои две шампионски титули (2023/24 и 2024/25) и еден Куп на Португалија. Претходно во својата кариера тој го носеше дресот и на италијанскиот Лече, каде стана најмладиот капитен во историјата на клубот, како и на австриската Адмира Вакер и данскиот ФЦ Копенхаген.
Morten, you’re a rojiblanco now ❤️🤍
— Atlético de Madrid (@atletienglish) July 11, 2026
➡️ https://t.co/NujF5FOjzS pic.twitter.com/uhg36DcZsh
Уникатно тркачко претставување
Атлетико го претстави своето најново засилување на креативен начин, користејќи мотиви од мотоспортот со пораката: „Додаваме уште еден мозок во нашиот среден ред“.
Мортен Хјулманд, кој веќе има запишано 27 настапи за сениорската репрезентација на Данска, успешно ги помина медицинските прегледи на универзитетската клиника во Мадрид и веднаш се става на располагање на стручниот штаб на шпанскиот клуб.
Adding another brain to our midfield 🧠
— Atlético de Madrid (@atletienglish) July 11, 2026
Find more about him here 📹➡️ https://t.co/VEbBXb8P4n pic.twitter.com/5RgLLoyZyd



