Со искачувањето на врвот Гашербрум, висок 8,080 метри, докторот Сашко Кедев испиша историја станувајќи првиот Македонец кој ги покорил сите 14 врвови над 8 илјади метри надморска висина.
Од “Imagine Nepal”, тимот кој ја предводеше експедицијата, денес ја објавија веста дека во 10:44 часот успешно бил искачен Г1 врвот.
Покрај Кедев, во експедицијата биле вклучени и Ванг Жонг од Кина, како и шерпите Дава Ѓалје и Нгима Нуру од Непал.

Г1, кој е единаесеттиот највисок врв во светот, беше последниот предизвик за доктор Сашко Кедев во историскиот подвиг, со што се приклучи на планинарската светска елита.
Вклучувајќи го и Г1, тој сега ги има искачено сите 14 врвови со висина над 8 илјади метри: Еверест, К2, Канченџунга, Лотце, Макалу, Чо Оју, Дхаулагири, Манаслѕ, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Броуд Пик, Гашербрум 2, а сега и Гашербрум 1.




