(Видео) Кога е доста? Нула шанси, бледа игра и нов фудбалски шамар од Шкотска!

 

Објавено:

Низ годините, Градскиот стадион памети многу порази. Сме си заминувале со горчлив вкус, без постигнат гол, па дури и со тешки дебакли. Но, ретко кога сме се чувствувале вака празно. Сме губеле битки во кои сме оставале срце на терен, сме пропуштале победи и голови кои сме ги заслужиле. Во фудбалот не е срамота да загубиш и со пет голови разлика доколку играш храбро, брзо и отворено. Она што навистина боли и преминува во срам е начинот на кој Македонија губи под водство на Гоце Седлоски – без крв, без идеја и без грам фудбалска дрскост. За подлабока анализа на оваа системска агонија ќе оставиме простор во деновите што следат, а сега да се осврнеме на најновата капитулација.

Репрезентацијата на Шкотска сосема заслужено славеше со 0-2, носејќи му ја првата победа на новиот селектор Себастиен Покоњоли. Статистиката од натпреварот ја отсликува целосната доминација на гостите. Шкотска упати вкупно 24 удари кон нашиот гол, наспроти нашите скромни 6 обиди. Додека „Тартан армијата“ креираше дури 6 големи шанси за гол, Македонија натпреварот го заврши со нула големи шанси и само 0.43 очекувани голови (xG).

Столе нè спаси од резултатска катастрофа

Гостите тргнаа фуриозно и го пробија македонскиот бедем уште во 7. минута. Били Гилмур одлично го проигра Киерон Боуви на работ од шеснаесетникот, а тој со силен удар во долниот агол го постигна својот прв интернационален гол. Доколку не беше фантастичниот Столе Димитриевски, кој забележа 5 клучни одбрани, резултатот ќе беше вистински дебакл. Нашиот голман со реакција од светска класа го спречи капитенот Енди Робертсон да постигне гол на својот јубилеен 100-ти настап, а во два наврати му одбрани чисти зицери на Бен Ганон-Доак.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Сред огромниот притисок на гостите, единствениот момент кој успеа да ги измами насмевките на трибините беше куче кое влета на тревникот. Симпатичниот гостин ја помина македонската одбрана речиси со истата леснотија со која тоа го правеа и шкотските фудбалери, пред да го напушти теренот.

ВАР пенал и црвен картон во финишот

Опсадата на македонскиот гол продолжи и во второто полувреме. Откако една одлука за пенал врз Ганон-Доак беше поништена од ВАР, правдата за Шкотите стигна нешто подоцна. По една мешаница во која Скот Мекена ја погоди стативата, главниот судија Франсоа Летексие беше повикан да ја прегледа снимката и покажа на белата точка поради играње со рака на Бојан Миовски. Џон Мекгин рутински го испрати Димитриевски во погрешна страна за конечни 0-2.

Во последните десетина минути, Шкотска остана со 10 фудбалери, откако Мекена заработи директен црвен картон за непромислен старт врз Ѓорѓе Џеков. Но, дури и со играч повеќе, Македонија остана целосно безопасна. Податокот дека нашата репрезентација не изведе ниту еден единствен корнер на целиот натпревар, наспроти 9-те удари од аголот на противникот, доволно говори за нашата тактичка немоќ.

На крајот, упатуваме искрени честитки на Шкотлаѓаните кои барем за момент ни ја разубавија фудбалската атмосфера во Скопје. Се надеваме дека наскоро повторно ќе имаме средба со „Тартан армијата“, а дотогаш – уживајте во нашето пиво и дружењето со македонските навивачи надвор од стадионот.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено