Комплетна „Фаланга“: Томовски се приклучи, Лазаров ги има сите адути на број!

Објавено:

Последниот дел од сложувалката е тука! Од денеска, македонската ракометна репрезентација работи со полна пареа и во комплетен состав, откако на тренинзите во Скопје се приклучи и Мартин Томовски.

Одличниот голман на германскиот Битигхајм, кој имаше клупски обврски до самиот крај на 2025 година, му се стави на располагање на селекторот Кирил Лазаров. Неговото пристигнување е огромно засилување, особено ако се знае дека Мартин Томовски блеска во Германија со неверојатни 51% успешност, што влева дополнителна сигурност пред големите предизвици.

Божиќен лет за Винтертур

„Рибарите“ веќе го одработија првиот дел од подготовките и контролниот меч против Хрватска во Пореч, а сега следи финалната глазура. По неколку тренинзи во Скопје, на 7 јануари (Божиќ), експедицијата заминува за Швајцарија.

Таму, на турнирот „Жолт куп“, Македонија ќе ги мери силите со Швајцарија, Бахреин и Украина. Тоа ќе биде последниот филтер пред она вистинското – старт на ЕП во Данска со силен состав и пеколното отворање против домаќинот на 16 јануари.

Сите сме на број, повредите се минато (со исклучок на Карасманакис), време е за ракомет!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено