18.8 C
Skopje

Квалификации СП: Шпанија ја декласираше Бугарија, Турција победи со Грузија

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Денот во европските квалификации донесе вистинска голеада и неколку изненадувања. Англија стана првиот европски тим кој го обезбеди пласманот на Светското првенство, Португалија беше запрена од храбра Унгарија, додека Шпанија и Турција доминираа на домашен терен со импресивни победи во борбата за првото место на табелата..

Шпанија 4-0 Бугарија

“Црвената фурија” не покажа милост во Ваљадолид и со убедливи 4-0 го совлада составот на Бугарија, продолжувајќи ја својата совршена серија во Групата Е.

Два гола со глава постигна Микел Мерино, прво по асистенција на Лe Норманд, а потоа и по центаршут на Грималдо. Шпанците ја разбија бугарската одбрана со комбинации во висок ритам, а до крајот Ојарзабал беше прецизен од белата точка. Точка на натпреварот за Бугарите ставија сами со автоголот кој го заокружи убедливиот триумф.

И покрај неколкуте прилики на Десподов, Бугарија немаше одговор за темпото на Луис де ла Фуенте и неговите играчи.

Турција 4-1 Грузија

Импресивно издание и на Турција во Истанбул. Екипата на Винченцо Монтела го совлада тимот на Грузија со убедливи 4-1 и остана во трка со Шпанија за врвот на групата.

Домашните доминираа во сите сегменти, со Хакан Чалханоглу како диригент на средината, а младите Гулер и Јилмаз повторно го покажаа својот талент. Турците сега заостануваат само три бода зад лидерите пред ноемвриските решавачки мечеви.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @millitakimlar

Португалија 2-2 Унгарија

Две мајсторски реализации на Кристијано Роналдо не беа доволни за Португалија да ја завери визата за Светското првенство. Доминик Собослаи со гол во судиското надополнување донесе важен бод за Унгарија, која останува во игра за второто место.

Извор: https://www.liverpoolfc.com

Латвија 0-5 Англија

Со двата гола на Хари Кејн, Англија стана првиот европски учесник на Светското првенство во 2026 година. “Трите лавови” демонстрираа апсолутна контрола во Рига и со две кола пред крајот се сигурни патници за Америка.

Резултати – осмо коло:

Група Е: Турција 4-1 Грузија, Шпанија 4-0 Бугарија
Група F: Ирска 1-0 Ерменија, Португалија 2-2 Унгарија
Група I: Естонија 1-1 Молдавија, Италија 3-0 Израел
Група K: Андора 1-3 Србија, Латвија 0-5 Англија

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено