“Lacoste” го сменија легендарното лого во чест на Ѓоковиќ!

 

Објавено:

Можеби едно од најпрепознатливите логоа во светот на модата е зелениот крокодил на брендот “Lacoste”. Овој бренд е и долгогодишен поддржувач на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, а во негова чест за претстојниот УС Опен турнир тие го променија своето лого.

Во специјална линија која ќе биде посветена на легендарниот тенисер, зелениот крокодил ќе биде заменет со зелена коза, односно G.O.A.T (скратеница што значи “најдобар на сите времиња”).

Извор: https://x.com/Lacoste

Ова претставува огромна чест за Ѓоковиќ, но и признание за сите историски успеси и срушени рекорди во неговата долгогодишна кариера која сè уште трае.

Погледнете го промотивното видео за колекцијата, во кое моделите ги носат реални фанови на Ѓоковиќ кои биле избрани од неговиот фан клуб.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено