Летачкиот Макс на пол-позиција со најбрз круг во историјата на Ф1!

 

Објавено:

Макс Верстапен продолжува да докажува оваа сезона зошто четири години по ред беше шампион, иако годинава заостанува во борбата за титула зад доминантните “ракети” на Мекларен, за кои никој нема решение за време на трките.

Но, што се однесува до квалификациите, Холанѓанецот во Ред Бул болидотот успеа да извози уште еден маестрален круг во кариерата, за освојување на пол-позицијата по петти пат сезонава, овој пат во срцето на италијанскиот моторспорт.

Со неговиот круг, тој постави нов рекорд за најбрз круг во историјата на Формула 1, по што даде изјава во негов стил: “Има нов асфалт, други завои, па патеката стана многу побрза. Мислам, ако го ставите Мерцедесот од 2020 тука, ќе одеше уште побрзо. Особено ако ме ставевте мене во него, ќе бевме уште побрзи”.

Веднаш зад него е дуото на Мекларен, а лидерот на табелата на шофери Пијастри после квалификациите призна дека “Мекларенот овој пат не бил на задоволително ниво во Монца”.

Норис беше само 0.077 секунди зад Макс, а погледнете како изгледа тоа од “дух перспективата”.

Четврти заврши миленикот на домашната публика, возачот на Ферари Шарл Леклер. Тој изјави дека “е разочаран, но не е изненаден од четвртата позиција на квалификациите во Монца” и покрај тоа што имаше доста успешни тренинг сесии.

Зад Леклер завршија двата болида на Мерцедес, односно Џорџ Расел на петтата и Кими Антонели на шестатта позиција. Повторно изненадувачки добри квалификации имаше дебитантот Габриел Бортолето, кој во можеби најслабиот болид на гридот, Кик Саубер, успеа да дојде до седмата позиција.

На осмата позиција заврши ветеранот Фернандо Алонсо во Астон Мартин, на деветтото конечно со нешто подобар резултат заврши вториот шофер на Ред Бул, Јуки Цунода, а десетката ја комплетираше уште едно Ферари, она на седумкратниот шампион Луис Хамилтон.

Извор: https://x.com/F1
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено