14.8 C
Skopje

“Маго ди Умаго” во Охрид: Лино Червар ги откри тајните на златната генерација

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендарниот хрватски ракометен тренер Лино Червар, светски и олимписки шампион со Хрватска, во Охрид ја промовираше својата нова книга, “Ракомет – патот до врвот и тајните на успехот“. Промоцијата се одржа во салата “Атина Бојаџи”, на почетокот на турнирот “Крсте Андоновски”, а Червар, кој е добро познат и во Македонија по неговите успеси со Металург, зборуваше за својот долг тренерски пат.

Книга како трага на тренерската мудрост

На прашањето за мотивите за пишувањето, Червар истакна дека инспирацијата дошла од неколку страни, вклучително и 20-годишнината од освојувањето на светското и олимпиското злато.

“Тренерот е човек чијшто чекор не се слуша, но неговите траги остануваат. Се надевам дека оваа книга, заедно со моите ракометни резултати, ќе остави мала трага како камче покрај патот”, рече тој.

Зад кулисите на златната генерација

Во книгата, Червар ги открива тајните на двата најголеми успеха на хрватскиот ракомет. Тој ги спојува својата визија, стратегија и иновативност, што биле клучни за успехот. Делото содржи тактички описи и шематски прикази на формации, со акцент на интегрирањето на менталните и моторичките вештини на играчите.

Посебна вредност на изданието даваат и цитатите од членовите на златната генерација, како што се Ивано Балиќ, Петар Метличиќ и Владо Шола. Експертите веќе го оценија делото како “епохално” и “книга на тренерска мудрост”.

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено