Македонската ракометна репрезентација е пред последниот и најтежок испит на турнирот во Винтертур. По победите над Бахреин и Украина, избраниците на Кирил Лазаров вечерва (18:00 часот) играат против домаќинот Швајцарија во директна пресметка за освојување на „Жолтиот Куп“.
Ова е одлична можност за „црвено-жолтите“ да ја подигнат самодовербата пред Европското првенство. Традицијата е апсолутно на наша страна, на досегашните седум меѓусебни дуели, Македонија има седум победи! Последната ја извојувавме на ЕП 2024 (29-27).
Дали ќе продолжи победничката низа?
Натпреварот можете да го следите ВО ЖИВО на линкот подолу:
👉 ГЛЕДАЈТЕ ГО НАТПРЕВАРОТ ТУКА (Стрим во живо)



