Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра својот четврти натпревар во овогодинешното издание на УЕФА Лигата на нации. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски гостуваат во Луцерн кај апсолутниот лидер во групата, моќната Швајцарија, во обид да стигнат до првите бодови и првиот постигнат погодок во тековниот циклус.
Седлоски го оствари ветувањето за освежување на тимот
Како што најави на вчерашната прес-конференција, македонскиот селектор направи значителни промени во почетниот состав со цел да го одговори на пеколниот распоред.
Најголемото освежување доаѓа во офанзивниот дел, каде во самиот врв на нападот ќе стартува Растодер, додека по крилните позиции ќе оперираат Љупчо Дориев и Елиф Елмас, со поддршка од капитенот Енис Барди. Во средниот ред, шанса од првата минута добиваат Елези и Митровски, додека стандардното дефанзивно квартето пред Столе Димитриевски овој пат го сочинуваат Стојчевски, Зајков, Муслиу и Алиоски.
МАКЕДОНИЈА:
- Голман: Димитриевски
- Одбрана: Стојчевски, Зајков, Муслиу, Алиоски
- Среден ред: Елези, Митровски
- Офанзива: Елмас, Барди, Дориев
- Напад: Растодер
Јакин не калкулира: Силна Швајцарија за продолжување на перфектната низа
Од другата страна, домашниот селектор Мурат Јакин не остава ништо на случајноста. Швајцарија досега има перфектен скор со три победи од три натпревари, а во Луцерн ќе излезе во офанзивна 4-3-3 формација, предводена од искусните Аканџи, Родригеш и Фројлер.
ШВАЈЦАРИЈА: Мвого – Бритчги, Елведи, Аканџи, Родригеш – Фројлер, Сиеро, Соу – Ридер, Амдуни, Ндоје.
Останува да видиме дали овој нов изглед на македонската репрезентација ќе донесе посакувана реакција на теренот и прекин на лошата серија против големиот фаворит.






