17.8 C
Skopje

Маркез не запира: Ја покори и Унгарија за седма победа во низа!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Марк Маркез ја продолжи својата неверојатна доминација во МотоГП шампионатот, победувајќи и на премиерната Голема награда на Унгарија на новата патека “Балатон Парк”. Ова беше негова седма последователна Гран При победа, со која практично стави крај на сите дилеми околу шампионската титула.

Трката беше вистински спектакл, исполнета со жестоки дуели, судари и неверојатни потези, а на крајот, на подиумот покрај Маркез се искачија и Педро Акоста и Марко Бецеки.

Извор: https://www.motogp.com/

Дуел со Бецеки, судар и неверојатен кам-бек

Трката започна хаотично за Маркез. По нешто послабиот старт, тој веднаш влезе во дуел со Марко Бецеки. Во вториот свиок, дојде и до контакт помеѓу двајцата, по што Маркез мораше да ја исправи машината и падна на третото место.

Но, шампионот не би бил тоа што е, ако не знае да се врати. Со серија на брзи кругови, тој прво го помина Франко Морбидели, а потоа и Бецеки, за во 11-от круг да го преземе водството и да почне да се одлепува.

Извор: https://www.motogp.com/

Акоста го “украде” шоуто, Мартин со потег на денот

Во вториот дел од трката, во центарот на вниманието беше феноменалниот руки, Педро Акоста. Возачот на КТМ леташе по патеката, го помина Бецеки и се обиде да го стигне Маркез, но на крајот мораше да се задоволи со второто место.

Вистински херој на денот беше и возачот на Априлија, Хорхе Мартин, кој стартуваше од 16-тата позиција, но со неверојатно возење успеа да стигне до четвртото место, веднаш зад својот тимски колега Бецеки.

Кошмарот на Бањаја продолжува, катастрофа за Јамаха

Овој викенд беше уште еден доказ за кошмарната сезона на Пеко Бањаја. Двократниот шампион немаше ритам, направи неколку грешки, доби казна и на крајот заврши на разочарувачкото деветто место.

Викендот беше уште полош за Јамаха, чии возачи беа на дното на табелата, со најдобар пласман на 10-тото место.

Со оваа победа, Маркез ја зголеми својата предност во генералниот пласман на неверојатни 175 поени, со што е на чекор до освојување на својата седма титула, за која зборувавме и во најавата за трката.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено