Мбапе искрено за Меси: „Јас и Нејмар мислевме дека сме врв, а потоа дојде Лео…“

 

Објавено:

Иако Лионел Меси веќе одамна не е дел од Пари Сен Жермен, приказните за неговата магија на тренинзите во Париз сè уште одекнуваат. Во една искрена и опуштена атмосфера за време на подкастот „The Bridge“, Килијан Мбапе, Ашраф Хакими и Орелиен Чуамени со огромна почит (и доза на неверување) зборуваа за вештините на Аргентинецот.

Најинтересниот момент се случи кога Мбапе, кој како дете беше познат како голем фан на Кристијано Роналдо, без двоумење го одбра Меси како најдобар играч со кого некогаш тренирал.

„Меси е… тоа е смешно. Кога сме кај техничката дарба, не може да се спореди ниту со Нејмар. Меси прави сè како што треба,“ изјави Мбапе со насмевка.

Потоа, Французинот раскажа една анегдота од тренинзите на ПСЖ која најдобро ја отсликува разликата меѓу „обичните“ ѕвезди и Меси.

„Бевме во Париз, јас и Нејмар. Ние бевме на врвот на светскиот фудбал. На крајот од тренингот шутиравме кон голот, од 10 обиди, ние дававме 6 или 7 гола. Луѓето беа импресионирани. А потоа доаѓа Лео. Иако беше малку уморен, шутна девет пати и постигна девет исти голови. И тоа не изгледаше како да шутира, туку како само да му ја додава топката на голот! Го погледнав голманот и му реков: ’Не разбра што се случи, а?‘ Тоа беше премногу!“

Kylian Mbappé, Aurélien Tchouaméni, and Achraf Hakimi in awe while talking about Lionel Messi.
by u/BackShotGeneral_ in soccer

Во разговорот се вклучи и Ашраф Хакими, кој објасни како неговата улога како десен бек целосно се променила кога Меси пристигнал во тимот.

„Кога дојде Покетино, не бараше многу од мене да одам напред, бидејќи пред мене го имав Лео. Кога го имаш Меси пред себе, не треба да трчаш напред – само дај му ја топката! Мојата задача беше само да правам блокови и да трчам за Лео да може да влезе навнатре на неговата лева нога,“ објасни Хакими.

Ова видео брзо стана вирално на социјалните мрежи, а фановите на Редит коментираа дека е неверојатно да се види како играчи од калибарот на Мбапе зборуваат за Меси како обични „фанбојс“.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено