Меси го помина рекордот на Роналдо, продолжува да пишува историја

 

Објавено:

Лео Меси го помина рекордот на Кристијано Роналдо за најмногу дадени голови во историјата на фудбалот, кои не се дадени од пенал точката.

Имено, новиот број до името на Меси е 764 постигнати голови, а претходниот на Роналдо беше 763.

Оваа бројка е навистина импресивна ако се земе во предвид фактот дека Меси не е класичен напаѓач, ниту пак е играч кој чека во шеснаесеттникот за да постигне голови со глава.

Аргентинецот не престанува да испишува историја ни на 37 години, а овој рекорд беше поставен после победата од 5:1 на Интер Мајами над Њујорк Ред Булс.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено