Милевски од Цирих: „Штета што не играме дома, но Данска е подобра опција од Италија“

Објавено:

Иако неговата иднина на селекторското столче е неизвесна по истекот на договорот, Благоја Милевски денеска во Цирих професионално ја изврши својата должност, следејќи ја ждрепката која на Македонија ѝ го донесе патот до Данска.

Првиот впечаток е дека поминавме подобро од претходниот бараж, но Милевски повикува на претпазливост, жалејќи што фортуната не ни додели домашен терен.

„Ова не е Палермо, но нема лесни противници“

Споредувајќи ја ситуацијата со историскиот бараж за Катар 2022, Милевски истакна дека Данска е предизвик, но различен од „аждерите“ со кои се соочивме минатиот пат.

„За разлика од минатиот пат, кога ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на ‘хартија’ добивме полесен противник. Сепак, морам да потенцирам дека кога сте во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив,“ изјави Милевски веднаш по ждрепката.

Извор: https://www.uefa.com/

Жалот за Скопје

Она што останува како „горчлив вкус“ е фактот што Македонија повторно ќе мора да брка историја на гостински терен, прво во Данска (26 март), а евентуално и во финалето кај подобриот од Чешка и Ирска.

„Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација и неблагодарно е да даваме прогнози. Но, ќе дадеме сè од себе да бидеме конкурентни,“ заклучи селекторот.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено