На социјалните мрежи на Златна топка на 9 август му го честитаа роденденот на Лука Модриќ иако вистинскиот датум на роденденот е еден месец подоцна, на 9 септември.
Но, и покрај пропустот во датите, хрватската фудбалска легенда се заблагодари на честитките и им врати во коментар под објавата за роденденот.
“Идниот месец ми е, но во секој случај ви благодарам”, искоментира Модриќ, покажувајќи уште еднаш дека има класа дури и кога станува збор за грешка.



