На денешен ден, 8 јули 2014 година, Бразил го доживеа најголемиот пораз во историјата на нивното богато искуство на Мундијалите.
Натпреварот од полуфиналето од Германија со 7:1 беше особено болен, бидејќи се случи на домашен терен, а Бразил како домаќин на Светското првенство имаше големи амбиции да дојде до титулата.
Мечот кој остана познат во историјата како “Mineirazo” се случи на стадионот Минеирао во Бело Хоризонте, а шокот за навивачите на трибините пристигна уште во првото полувреме кога Германија успеа да даде дури 5 голови.

Бразил до крајот стигна само до еден гол, но тоа не беше доволно за да се ублажи поразот кој важи за најлош во нивната историја на Мундијалите, откако претходно тој неславен рекорд припаѓаше на поразот од Франција од 3:0 во финалето на Светското првенство во 1998 година.
Како голем фактор за поразот многумина го сметаа отсуството на тогаш клучниот играч Нејмар, кој се повреди на четвртфиналниот натпревар против Колумбија. Подоцна тој зборуваше дека во тој момент мислел дека таа повреда ќе значи крај на неговата кариера, а шокот меѓу соиграчите влијаел на тоталниот колапс на нивната одбрана во полуфиналето.
Погледнете ги сите голови од тој натпревар!
11 years ago today, Brazil & Germany met in the #FIFAWorldCup Semi-Finals pic.twitter.com/5LUILHXmsI
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 8, 2025



