10.8 C
Skopje

Наполи повторно “пазари” во Премиер лигата

Објавено:

Џејдон Санчо е согласен да се приклучи на италијанскиот шампион Наполи, но сè уште се чека зелено светло од Манчестер Јунајтед за трансферот.

Англискиот Премиерлигаш ќе даде приоритет на договорите за перманентна продажба на крилниот напаѓач, пред да се согласи на привремено позајмување.

Наполи се меѓу клубовите кои се заинтересирани да го донесат Санчо во своите редови, но не се подготвени да ја платат цената од 25 милиони евра која моментално ја бараат од тимот од Манчестер.

Наводно и други клубови се вклучени во играта, па останува да видиме дали желбата на Санчо да заигра за италијанскиот шампион ќе се оствари.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено