„Не размислував многу, топката убаво ми легна“: 18-годишниот херој на Босна испиша фудбалска историја

 

Објавено:

Историскиот пласман на Босна и Херцеговина во нокаут-фазата на Светското првенство донесе ерупција од радост, но еден играч посебно го украде шоуто. Станува збор за 18-годишниот Керим Алајбеговиќ, чиј спектакуларен гол против Катар не само што го отвори патот кон победата, туку и ги препиша страниците на фудбалската историја.

Со точно 18 години и 276 дена, Алајбеговиќ стана најмладиот стрелец за Босна и Херцеговина на Светските првенства, но и осмиот најмлад стрелец во целокупната историја на Мундијалите! Она што е уште поимпресивно е фактот дека тој го престигна францускиот суперстар Килијан Мбапе, станувајќи најмладиот играч кој постигнал гол надвор од шеснаесеттникот на едно Светско првенство уште од далечната 1966 година.

„Не размислував многу, навивачите беа нашиот 12-ти играч“

Младиот херој на Босна остана скромен по натпреварот, истакнувајќи дека најважен е тимскиот успех и поддршката од трибините.

„Не размислував многу кај голот, топката едноставно убаво ми легна. Беше тоа добар гол. Потоа дојде и вториот гол и сè стана полесно. Малку паднавме откако Катар намали, но брзо ја пронајдовме силата. Реално, можевме да водиме и со 3-0 или 4-0 уште пред тоа. Во второто полувреме излеговме добро и сè заврши како што треба. Навивачите беа нашиот 12-ти играч! Немам зборови, фала им на сите за сјајната поддршка, на цела БиХ и на сите луѓе што дојдоа на стадионот“, изјави пресреќниот Алајбеговиќ.

Амар Мемиќ: Како да игравме дома во Америка!

Своето одушевување од атмосферата не го криеше ниту Амар Мемиќ (Ермин Махмиќ), кој го потврди триумфот со третиот гол. За него, амбиентот во Сиетл бил пресуден за историскиот успех.

„Неверојатно, буквално како да игравме пред домашна публика среде Америка. Горд сум на себе, на момците и на целата држава. Голема благодарност до сите, се надевам дека оваа поддршка ќе продолжи бидејќи одиме понатаму да пишуваме историја“, порача Мемиќ.

Со ваква хемија во тимот, поддршка од трибините и блесокот на новата светска ѕвезда Алајбеговиќ, „Змејовите“ се подготвени за следниот голем предизвик – осминафиналниот спектакл!

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено