Викендов на тркачката патека Аутомотодром Брно ќе се одржи трката за Големата награда на Чешка. Настанот кој започна денес, ќе кулминира во недела на 20 јули, а на првиот ден покрај патеката имаше неочекуван “фотограф”.
Имено, некои фанови го забележале претседателот на Чешка, Петр Павел, како покрај тркачката патека ги фотографира ѕвездите од МотоГП.
Тој важи за страстен љубител на мото трките, а истовремено бил голем љубител и на фотографијата, па викендов се покажала како совршена шанса за спојување на двете негови пасии на трката која се одржува во неговата земја.
Најчесто ги гледаме претседателите и другите функционери во ВИП ложите на натпреварите со голема гледаност, па ваквата глетка е навистина невообичаена за спортските фанови ширум светот.
Some politicians turn up on Sunday and spend the day in VIP hospitality.
Not Czech President Petr Pavel though, who is both a huge fan and a keen photographer! pic.twitter.com/eTb5kr5Uws
— Simon Patterson (@denkmit) July 18, 2025


