Калум Вилсон наскоро ќе стане слободен играч, откако според последните информации неговиот сегашен клуб, Њукасл Јунајтед реши да не му го продолжи договорот за идната сезона.
Договорот на Вилсон истече на 1 јули годинава, а според гласините најсеверниот клуб од Премиер лигата не сакал да го продолжи договорот поради неговата возраст (33 години) и бројните повреди кои ги лимитираа неговите настапи изминатата сезона.
Поради повредите на грбот и задната ложа тој одигра само 18 натпревари во Премиер лигата минатата сезона и не постигна ниту еден гол.
Callum Wilson. Goalscorer.
Thank you for the memories, CW9 pic.twitter.com/f19Qgu1Jlw
— Newcastle United (@NUFC) July 7, 2025
Инаку, досега во црно-белиот дрес тој има одиграно 109 натпревари со постигнати 62 гола од 2022 година. Со овој потег, од сениорските напаѓачи во Њукасл ќе останат само Исак и Осула, а судбината на Вилсон останува неизвесна.
Некои фанови шпекулираат дека тој би можел да замине во Манчестер Јунајтед, но сега за сега нема никакви официјални информации за таков трансфер.



