Незапирливиот Алкараз со нова победа на Вимблдон

 

Објавено:

Шампионот кој ја брани титулата на Вимблдон, Карлос Алкараз, успеа да ја помине успешно и третата рунда од турнирот во денешниот меч против Јан-Ленард Штруф.

Шпанецот се пласираше во осминафиналето по четврти последователен пат, откако го совлада Германецот со 3:1, односно 6-1, 3-6, 6-3, 6-4 во сетови.

Штруф му пружа отпор на Алкараз, но сепак не успеа да ја скрши неговата доминација. Ова е 21-ва последователна победа за Шпанецот.

Оваа победа уште повеќе го зацврсти неговиот фаворитски статус за освојување на титулата и оваа година, на славниот терен во Британија.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено